Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Се бара начин како да се растерети Онкологија, пациенти ќе се примаат и во ГОБ„8-ми Септември”

Со нови вработувања на доктори и медицински сестри и ставање во функција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со нови вработувања на доктори и медицински сестри и ставање во функција на дневната онколошка амбуланта во ГОБ „8-ми септември” ќе се намалува притисокот врз Клиниката за Онкологија. Министерот Таравари најави дека за неколку недели онколошкиот блок во градската болница ќе почне со работа, а за околу шест месеци најверојатно ќе проработи и акцелераторот кој со години фаќал само прашина. А ќе се прават напори овие апарати да профункционираат и во штипската и битолската болница.

Имаме децентрализација во здравството. Секако, во меѓувреме ќе треба Клиниката за онкологија да има договор со ГОБ „8 Септември“ за ова некако да биде под контрола на Клиничка за онкологија, зборувам за онколошки пациенти. Можам да кажам дека барем за месец дена, одредена терапија ќе започнат да примаат пациенти во „8-ми Септември“ со што делумно ќе ја растеретиме Клиниката за онкологија”, рече Таравари.

Според директорите на „8-ми септември“ и Клиниката за онкологија, идејата на министерот е одлична, тие велат дека подготвени се за новите предизвици, конечно да се подобрат условите за пациентите и вработените.

Реклама

Таравари е дециден дека вработувања во здравството ќе има во најскоро време, а за покачување на платите на здравствените работници засега немало финансиски услови.

„Имаме огромен буџетски дефицит. Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратување во буџетот, бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор“, рече тој.

Независниот синдикат на здравствените работници и Здружението на приватни лекари пред еден месец посочија дека бараат зголемување на платите во здравството, решевање на статусот на лекарите и медицинските сестри кои работат, а немаат пензинско и здравствено осигурување, како и одложување на пензионирањето на матичните лекари.

Ања Лукарова