Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

СДСМ заборава дека претседател на политичка партија претходник на нивната беше назначен за гувернер

СДСМ обвинува дека предлогот на претседателката Силјановска Давкова за гувернер на НБРМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ обвинува дека предлогот на претседателката Силјановска Давкова за гувернер на НБРМ бил „теснопартиски“. Забораваат дека претседател на политичка партија, претходничка на нивната СДСМ, во 2004 беше назначен за гувернер на НБРМ непосредно по вршењето на функцијата министер за финансии во влада предводена од СДСМ. Господинот Петар Гошев, кој, исто така, претходно бил пратеник во Собранието на Македонија во два собраниски состави, остана на гувернерската позиција цели 7 години, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, сакаме да ги потсетиме СДСМ дека професорот Трајко Славески своевремено во раните 1990-ти години остро го критикуваше грабежот на општествениот капитал што го изврши тогашното раководство на СДСМ, во полза на македонските олигарси. Со тоа стотици илјади работници останаа без работа и без средства за егзистенција. Во тој период, штитејќи ги правата на работниците за праведна приватизација, професорот Славески беше неформален советник на тогашното раководство на Сојуз на синдикатите на Македонија. Синдикалното гласило „Трудбеник“ во 1995 година го прогласи за „економист на годината“, нотираат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштение на СДСМ.

Професорот Славески секогаш се залагал за унапредување на општиот интерес и бил во служба на напредокот на Македонија, наспроти интересите на тесни групи за интерес.