Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

СДСМ: Врват криминални тендери додека Скопје се гуши од загаден воздух

Врват криминални тендери на ДПМНЕ додека Скопје се гуши во загаден воздух. …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врват криминални тендери на ДПМНЕ додека Скопје се гуши во загаден воздух.  161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, тендери од 9 милиони за друга фирма со двајца вработени, милионски износи за фирма на студентот на Мицкоски. Дури и по европските пари посегна власта за што ЕУ ја суспендираше ИПАРД 3 програмата, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Наместо инвестиции во мерки и политики за намалување на загадувањето парите на граѓаните завршуваат во криминални тендери преку кои се пумпаат милиони евра.

Мицкоски најавуваше 1 милијарда евра инвестиции за чист воздух и намалувањето на загадувањето за 50% но наместо тоа ги намали парите за чист воздух за 51%!

Реклама

Владата на ДПМНЕ нема пари за чист воздух, нема пари за бесплатен јавен превоз, нема пари за филтри, за еколошко греење, еколошки проекти, за итни интервенции.  

Само за криминални тендери има пари. Изборот на ДПМНЕ е крадење на народот и лично богатење наместо јавното здравје на скопјани.

Во времето на СДСМ се презедоа низа на мерки со Планот за чист воздух и во тие години започна тренд на постепено намалување на загадувањето.

Штетните честички ПМ 2.5 во воздухот се намалија за -564kg на годишно ниво, а честичките МП 10 за – 735kg исто така на годишно ниво. И тоа граѓаните го знаат.

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба во Скопје и свикување на итна седница на Советот на Град Скопје за што имаме и конкретни мерки за намалување на загадувањето.

Но, за да може да се реализира некоја мерка мора крадењето на народот да запре а сите виновни да понесат одговорност согласно закон. На криминалот и корупцијата мора да им се стави крај. Работата не е завршена!