Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

СДСМ: Трипуновски бега од одговорност за ИПАРД скандалот

Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, стои во соопштението од СДСМ.

Еве што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со ИПАРД скандалот.

Погледнете го овој срам.

Реклама

Нема ниту збор за причините, нема ништо за времетраењето на суспендирањето на средствата од ИПАРД, нема ниту информација за планираните чекори за надминување на овој сериозен проблем.

Едно големо ништо. Трипуновски праќа општи законски рамки, цитати од регулативи и процедури што се одамна познати и не даваат одговор на клучните прашања што ги засегаат земјоделците.

Овој дрзок начин е директна навреда, исмејување на 3.000 нови бизниси, на 10.000 потенцијални нови работни места, ова е потценување на штета од 130 милиони евра. 

Понижување на  луѓето кои обезбедуваат храна за оваа држава, кои учествуваат во развојот на целокупната економија, но и семејства кои егзистираат од земјоделство.

Суспензијата на над 130 милиони европски пари не е некоја административна формалност, туку сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании кои се потпираат на поддршката од ИПАРД.

Со ова сокривање на информации, Трипуновски го загрозува системот на поддршка кон земјоделците и ја продлабочува штетата што ја претрпуваат.

Овие луѓе, кои што земале кредити за инвестиции, се задолжиле, имаат право да знаат до кога ќе трае суспензијата и кој ќе им ја покрие штетата од задоцнетите  исплати.

Човек кој јавно кажува дека не чувствува одговорност за ваков мега-скандал во неговиот ресор и во неговиот мандат не може да биде министер и да води ресор.

Но, јасно е зошто Трипуновски избегнува и медиумски соочувања и зошто не дојде ниту на пратенички прашања: разобличен е, нема веќе како да се одбрани и  да ги заштити вмешаните во скандалот кои бесрамно посегнаа по парите на земјоделците.

СДСМ нема да отстапи од барањето за целосни и  транспарентни одговори кои земјоделците ги очекуваат и од барањето одговорност.

А Трипуновски, најмалку што може да направи, е да си даде оставка. Министер кој крие информации од земјоделците, кој не чувствува одговорност за ресорот што го води, нема кредибилитет да биде министер за земјоделство.

Во одговор на новинарско прашање за ставовите на власта дека ќе бара нов протокол, портпаролката на СДСМ изјави дека сметаат дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата. 

-Граѓаните чекаат владата да направи исчекор кон европскиот пат на земјата и да испорача реформи.  Граѓаните се веќе уморни од нови празни зборови. Велеа дека можат да обезбедат подобар договор со Бугарија, дека можат да обезбедат нова преговарачка рамка, дека се во периметарот. Ништо од тоа не се случи.  Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата, рече Кузеска.

Во однос на реформите во правосудството, таа рече дека власта нема политичка волја за спроведување на реформите.

-Јасно е што треба да се направи, експертите и ЕУ ги напишаа чекорите на реформската агенда и таа треба да се проведе а досега власта нема направено ништо. Очигледно е дека власта нема политичка волја за спроведување на реформите во правосудството, рече таа.