Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

СДСМ со амандмани бара измени на КЗК и враќање на членот 353 пред измените од 2023 година

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на предлог-законот за изменување и дополнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Во нив се земени предвид аргументите на експертите и невладините организации изнесени на јавната расправа, како и заложбите на СДСМ за прецизни законски решенија, кои ќе обезбедат услови за борба притив криминалот и корупцијата.

СДСМ бара менување на членот 353 – злоупотреба на службената положба и овластувањето – и враќање на решението пред измените на Кривичниот законик од 2023 година, се вели во соопштението од СДСМ.

Сегашните измени кај челнот 353 ја намалуваат одговорноста кај најважното – тендерите.

Реклама

Ова мора да се промени. 

Тендерската коалиција ВМРО – ЗНАМ е позната по начинот на кој ги дели тендерите на свои фирми и без оваа промена нема никаква борба против криминалот и корупцијата.

СДСМ бара и целосно бришење на рокот од 5 години. Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува, без разлика кога е украден. Правдата и украдените пари на граѓаните не смее да имаат рок на траење!

Дигиталните податоци и снимки од системот „Безбеден град“ мора да се бришат во рок од 48 часа! Пристап до нив може да има само и само со судски налог. Не може да се дозволи МВР да го злоупотребува, да бидат партиски инструмент за следење и уцена на граѓаните.

Бараме драстично зголемување на казнената политика за секој што се организира во група за вршење тешки кривични дела. Мора да има јасно разграничување и максимални казни за мафијашките структури.

Бараме зајакнување на кривично-правната заштита на децата од најтешките форми на експлоатација. Тука нема место за компромис или благи казни.

Покрај овие клучни столбови, СДСМ со амандмани бара и проширување на условите за конфискација: за имотот да не може да се скрие зад туѓи имиња и параван-фирми.

Додека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го подготвуваат теренот за легален грабеж на парите на граѓаните, СДСМ поднесе амандмани кои значат само едно – одговорност и казна.