Реклама

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Прилози

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Наместо чистење на талогот во сопствените редови, Венко Филипче и СДСМ продолжуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо чистење на талогот во сопствените редови, Венко Филипче и СДСМ продолжуваат да ги штитат своите како што сами ги нарекоа млади, а станува збор за лица осудени за насилство и поседување дрога. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека луѓето кои социјалдемократите сакаат да ги претстават емпатично, играјќи на картата дека се деца, всушност се полнолетни граѓани блиски и верни на Заев, но и со судски пресуди во своите досиеја. Од владејачката партија велат дека Христијан Ефтимов, внук на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, и неговиот другар Илија Стојанов, се условно осудени на казна затвор од една и пол година, поради насилство кон странски државјани, како што покажуваат јавно достапните информации.

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку видео ја поткрепуваат тезата дека се работи за, како што велат тепачи и трговци со дрога.

Реклама

-Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Не оспорувајќи го нивното кривично досие, од СДСМ повторно во одбрана на како што ги нарекуваат младите од Ново Село. Велат дека наводниот напад бил кривично дело кое што се гони по службена должност, а според Законот за кривична постапка, Јавното обвинителство било должно да постапи.

-Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија“.  Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда. Се јавува само кога ќе го повика Мицкоски – преку медиуми, од собраниска говорница или директно по телефон. Кога граѓаните бараат заштита, Савески или не се јавува, или е на екскурзија и не може, изјави Кети Штерјова од СДСМ.

Пред медиумите реши сам да се брани и Ефтимов, викендов. И тој не ја спори содржината на пријавите против него, туку начинот на кој биле објавени во јавноста, барајќи да реагира Обвинителството.

-Стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите кои пратија врз нас во Ново Село, прво не нападнаа физички, сега не напаѓаат јавно, со лаги со навреди, со украдени полициски документи, кои се доверливи. ВМРО на прес конференција, објави податоци во документи од полициската станица Струмица, податоци до кои немаат право на пристап, податоци кои се водени како службена тајна, изјави вчера Ефтимов.

Претходно од Ново Село во заштита на како што ги нарече децата, застана и првиот човек на СДСМ, Венко Филипче. Порача дека тие ја говореле вистината.

-Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синоќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ниту утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа, изјави пред три дена Филипче.

Инаку поради објавувањето на документите за неговата пријава Ефтимов, кој е и претседател на младинскиот огранок на СДСМ во Струмица, побара Јавното Обвинителство да отворело истрага и да поднесе кривична пријава против: Полициски службенци од Струмица, бидејќи според него неовластено извадиле и предале доверливи полициски документи, против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бидејќи според Ефтимов сносел одговорност за злоупотребата на полицијата, но и против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, бидејќи според него јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч против како што ги нарече младите.

Матеја Петровски