СДСМ исплашени од СДСМ, се изгубија во сопствениот наратив. Пред четири години го прифатија Францускиот предлог, а сега предупредуваат дека ќе бил прифатен. Го створија проблемот, па сега им текна дека постои. И покрај јасните црвени линии на Владата во однос на спорот со Бугарија, на Бихаќка велат знаеле нешто што изгледа никој друг не знае.
Ќе биле прифатени условите на Софија, што патем поранешниот премиер и партиски лидер Димитар Ковачевски ги прогласи за стратешка победа. Барем така велеле некои нивни извори од Брисел, а ги пренесе на прес конференција Андреј Жерновски. Според политичките познавачи, она што го прават социјалдемократите во најмала рака е дволично, ликуваат на проблемот кој самиот и го направија на Македонија и го блокираа европскиот пат.
-Ние немавме спор со Бугарија додека СДСМ, Заев, Филипче таа екипа, не почнаа да ги решаваат проблемите со Бугарија и сега имаме огромен историски проблем, огромен историски спор. Откако СДСМ и ветија на Софија дека ќе ги исполнат сите нивни барања, сега кога Софија бара да се наплати ветеното, сега друг им е виновен затоа што се обидува да направи, да разговара, да побара, да постигне некаков друг подобар договор, изјави за Алфа новинарот Цветин Чилиманов.

СДСМ во неколку наврати ветуваше членство на државата во ЕУ, прво беше потпишан Договорот за добрососедтво со Бугарија, па променето беше името на државата, па прифатен Францускиот предлог. Но, наместо столче на големата европска маса, Македонија доби само блокади. Според Чилиманов со оглед на фактот дека претходната власт само донесе терен за да се бараат нови и нови отстапки и блокади, најдобро е да молчат во оваа ситауција и да не ги нарушуваат дополнително државните позиции.
-И сега други им се виновни, навистина би требало да се тргнат, да молчат и да остават некој да ја исчисти бељата што ја направиле. Исто така многу е интересно како може таква шизофрена политика да водат, од една страна да бараат итно, веднаш да постигнеме договор со Бугарија и да почнеме преговори со Европската Унија, од друга страна да обвинуваат зошто некој преговарал, зошто некој разговарал со Бугарија, изјави Чилиманов.
Од МНР ги демантираа тврдењата на СДСМ и Жерновски, велејќи дека станува збор за уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Од таму велат дека наместо да се понесе одговорност и да се извинат за штетата нанесена врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, социјалдемократите пласираат груби невистини и конструкции.
Матеја Петровски

