Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

СДСM се тие кои ги уништија и деградираа безбедносните служби и македонските полицајци ги оставија без униформи

На СДСM му смета воспоставувањето ред во државата. СДСM се исплашени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На СДСM му смета воспоставувањето ред во државата. СДСM се исплашени од бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата. СДСM се во паника затоа што Панче Тошковски воспоставува ред во системот, го чисти хаосот и нередот кои ги оставија во министерството, велат од ВМРО ДПМНЕ.

СДСM знаат дека доаѓа време за одговорност и дека правдата ќе ги стигне нивните инкриминирани кои до сега беа заштитени и недопирливи за органите на прогонот, затоа со конструкции и измислени случаи сакаат да дефокусираат.

СДСM се тие кои ги уништија и деградираа безбедносните служби и македонските полицајци ги оставија без униформи. Сега, конечно се враќа достоинството на македонската полиција, чекор по чекор, со конкретни решенија, подобри услови, нови униформи и нова опрема.

Реклама

Она што е вистина е дека, тендерската постапка за набавка на униформи за специјалните единици е во согласност на законот, при што фокусот беше ставен на цената и квалитетот.

Освен тоа, јавните набавки не треба да имаат исклучувачки карактер, туку тие треба да ја поттикнат конкуренцијата која ќе овозможи поголем број на понудувачи кои ќе ја зголемат конкурентноста и квалитетот по најповолни цени.

Исто така, важно е да се напомене дека со тендерот за набавка на униформи за специјалните единици, МВР склучи рамковна спогодба која претставува максимална вредност за набавки во наредните три години. Оваа рамковна спогодба предвидува исплата само кога ќе има реална потреба и се склучуваат посебни, поединечни договори за конкретни нарачки, со динамика на испорака според потребите.

На СДСM треба да му биде јасно дека заврши времето на хаосот, неказнивост и на матните наместени тендери.