Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

СДСМ пушта соопштенија за речиси завршена работа за Влада, ВМРО-ДПМНЕ прашува – колку часа им траат коалициите?

Врие ли внатре во коалицијата Можеме како се доближува 14 август, односно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врие ли внатре во коалицијата Можеме како се доближува 14 август, односно рокот во кој Пендаровски треба да го даде мандатот за формирање на Влада?

Извори во колацијата предводена од СДСМ за Алфа брифираат дека 4цата пратеници од Беса, заедно со висок функционер од партијата на Заев, кој го “држи” албанското гласачко крило во партијата независно од нивната коалиција преговараат за нова влада со тенденција за отцепување.

Од БЕСА барем официјално демантираат. Одговор побаравме и од потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, и тој вели не било точно.

Реклама

Сепак нашите избори тврдат дека се случува раскол во коалицијата, и тоа на неколку фронта. Дека не е сјајно во колацијата на Заев, покажува и фактот што генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа истакна дека ќе лобира партијата оди во опозиција ако Заев направи влада со сите албански партии.

Јас би лобирал со целосно убедување во политичкиот субјект каде што делувам, движењето БЕСА, и покрај фактот дека ние сме победник и дека го обезбедивме мандатот на коалицијата „Можеме“, да ја разгледаме можноста со нашите пратеници да преминеме во опозиција и да не дозволиме албанците да останат без опозиција во земјава“, пишува Хоџа во колумна за весникот „Коха“.

Многу од медиумите вчерашните соопштенија од ДУИ и СДСМ ги протолкуваа како преддоговор. Но официјално тоа не може да се каже.

Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротивставиме на сите форми на национализам и омраза. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ“, стои во заедничкото соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и тие работат на формирање на мнозинство за влада, но детали за преговорите не кажуваат со цел да не се наштети на процесот. Промената на ставовите на сдсм од час во час ги коментираат „како коалиции од по неколку часа“.

Коалициите на СДСМ им траат само неколку часа додека тие самите не се демантираат. А, во однос на тоа повторно повикувам да кажат со кои политички партии имаат парламентарно мнозинство. Во однос на комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ со останатите партии, морам да забележам дека пријателски односи и комуникација имаме буквално со сите партии, но доколку има некои детали ќе излезе официјална информација.

Се поверојатно е дека ДУИ нема да се откаже од идејата за албанец премиер и со тоа се отвора вратата за евентуален договор за широка влада која би траела неколку  месеци.

Мери Ѓорѓиевска