Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

СДСМ повторно ја минира Македонија: Венко Филипче сега си игра со вековниот македонски јазик и идентитет

СДСМ повторно си игра со вековниот македонски јазик и идентитет. Венко Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ повторно си игра со вековниот македонски јазик и идентитет. Венко Филипче по стапките на Зоран Заев и Димитар Ковачевски, со повикувањето на неутралност, односно сами да се повлечеме од терминот „вековен“ во извештајот на ЕП, повторно ги руши позициите на Македонија во меѓународните односи. Наместо ветената поддршка за докумтетот, со кој треба да се зацементираат македонскиот јазик и идентитет, сега нудат да се отажеме од терминот „вековен“, кој би требало да стои пред македонски, а за возврат Бугарите да се откажат од барањето да стои терминот „современ“.

Според познавачите со ваквите потези лидерот на опозицијата, ја уништува предноста, која македонската дипломатија успеала да ја направи во пресрет пленарната седница на Европскиот парламент, каде треба да се усвои извештајот за напредокот на Македонија.

-Во дипломатијата се трга секогаш од максималистички позиции. Доколку вие самите себе се автоцензурирате пред почетокот на утакмицата, вие автоматски себе се осудувате на полош резултат. Како што се сеќавате пред неколку дена Комитетот го усвои извештајот, со придавката која е нешто што практички нас ни одговара „вековна“ и ние влегуваме на пленарката утре со да речеме 1:0 во наша корист, вели за Алфа дипломатот Зоран Дабиќ.

Реклама

Според дипломатот Зоран Дабиќ, ваквите потези на СДСМ и Филипче се обично политикантство и обид на секој начин да ги срушат политиките на Владата, чија дипломатска офанзива донесе до извештај кој е во корист на Македонија, а треба да биде изгласан од европарламентраците.

Tие како да се уште се во дилема дали да застанат заедно со Владата, дали да добиваат политички поени на име на критикување на Владата. Не толку одамна претседателот на СДСМ, Филипче рече дека ете они толку направиле, толку знаеле, толку можеле. Мислам ние видовме колку можат и како се закомлицираа работите. Попуштањето пред преговорите никогаш не било добар начин за добар резултат, вели Дабиќ.

Инаку, Филипче оствари и средба со еврокомесарката за проширување, која што е во посета на Македонија и алударајќи на уставните измени, кои претходната власт ги договори со Бугарија, порача дека државата мора да си заврши својата домашна задача.

-Има еден дел од задачата што ние треба тука да сработиме дома, поради тоа што овој процес, исто како и во другите земји, кои што станаа во изминатиот период членки на Унијата, ја спомнав Хрватска, таа ја спомна Словенија, најмногу зависи од внатрешниот консензус, поради тоа што тоа е прашање, кое што не само политичките партии, туку целото општество се обединува, изјави Филипче.

Филипче претходно ја повика власта заедно да поддржат неутрален став за македонскиот јазик и идентитет. Вели дека средбите во Берлин, ги искористил за да лобира против придавката „современ“, но смета дека во извештајот не треба да стои ниту придавката „вековен“.

Матеја Петровски