Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

СДСМ: Наместо реформи во ВМРО, гледаме стари лица

Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија. Ги постави своите најблиски другари, се вели од соопштението од СДСМ. 

Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите.

Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски. 

Реклама

Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби –  Драган Ковачки.

Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата.

ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.

Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти.
Сега кругот е целосно затворен.

Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.

Го презеде МВР, Обвинителството и судовите.

Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.

Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите.

Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ.

Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда.