Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

СДСМ континуирано истура лаги – Владата точно знае што прави, вели премиерот

ПР стратегијата на СДСМ со истурање лаги пропаѓа. Еден по еден се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ПР стратегијата на СДСМ со истурање лаги пропаѓа. Еден по еден се нижат деманти за нивните обвинувања. Приказните дека Македонија банкротира, не прави реформи, ќе прима мигранти, блокирани ИПАРД фондови, тврдењата дека во Македонија немало реформи,  паднаа како кула од карти.

Македонија работи на реформите, а токму тоа и го потврди и известителот Вајц. Изјавата која ја користеа социјалдемократите и со која манипулираа всушност е стара и не се однесува на сегашната состојба, вели премиерот.

Премиерот Мицкоски вели вели дека има уште десетина чекори кои треба да се направат до крајот на јуни. Вели некои од нив, нема да ги имплементираат иако се побарани од нас, бидејќи тоа би удрило врз џебот на граѓаните. Го посочи делот со струјата.

Реклама
  • „Имаме десетина чекори кои треба да ги направиме до крајот на јуни, утре имаме координација за тие чекори, од тие 2-3 сигурно нема да ги направиме , бидејќи ако државата не испораќа електирчна енергија вие граѓаните ќе мора да плаќате за 30-40% поскапи сметки за струја. Таа од одма ќе ви кажам нема да ја испорачаме. Затоа што се субвенционира струјата и во Франција и во Германија , не можеме ние нашите граѓани да ги удираме по џебот затоа што некој не водел сметка кога ја формирал индикативната листа на реформи. Ние таа реформа нема да ја примениме. Работиме на подзаконските акти во министерството за енергетика за да стане законот за енергетика да биде функцинален. Работат во министерството за финансии на законски и подзаконски акти за колатералот итн.“ рече Мицкоски.

Мицкоски цели дека им пропаднале на опозиционерите и обвинувањата изнесени на бројни прес конференции дека Македонија нема да има пристап до европските фондови и дека во април во земјава ќе дојдат десетина илјади мигранти.

  • „Велеа ИПАРД фондови – готово, нѐ блокирале, банкрот сме. Но, еве, самата Европска комисија излегува и вика: „Браво за Владата, реагираше брзо и во рамките на шест месеци го одблокираа процесот.“ Во рок од шест месеци поради брзата, експедитивна, робустна реакција на Владата, процесот е одблокиран. Исто, ја толкуваа и изјавата на Вајц „вака-така“. Излезе човекот вчера, многу јасно си пренесе тоа што има да каже и уште многу работи. Затоа предупредувам, секоја прес-конференција “- рече Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Мицкоски е уверен дека Владата точно знае што прави, кои се приоритетите и какви политики води.

Тој информира и дека вчера на владина седница станало збор за најновите пресуди од Европскиот суд за човекови права кои, нагласи, прават нов, многу голем предизвик, со оглед дека ќе треба да се дадат можеби над милијарда евра.

– Ова е многу, многу поголем предизвик од оној што беше со солидарниот данок. Така што, има предизвици и проблеми, но нема да отстапуваме. Сме се нафатиле на оваа работа, ќе се бориме – порача премиерот Мицкоски.