Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

СДСМ ќе ги искористи сите механизми за обезбедување неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани

СДСМ синоќа одржа седница на централниот одбор на партијата. Се разговарало за…

Сподели:

СДСМ синоќа одржа седница на централниот одбор на партијата. Се разговарало за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија која што ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 животи, соопштуваат од партијата. Заклучок на централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно и е насочена само кон минатото, само кон поранешни функционери и службеници додека воопшто не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата. Од СДСМ велат дека ќе инсистирале на неселективна, независна и темелна истрага во која сите ќе одговараат согласно законите. Најавија дека преку анкетна комисија во собранието ќе ги утврдуваат фактите, но и политичката одговорност за трагедијата која што се случи во Кочани. Во однос на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, кои беа одложени поради трагедијата во Кочани, централниот одбор донесе одлука да се одржат на 6-ти Aприл а единствен кандидат останува Венко Филипче, стои во соопштението од партијата.