Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 СДСМ има проблем да најде личност што би му се спротивставила на популарниот Орце Ѓоргиевски во трката за Скопје

На само три месеци до локалните избори, опозициската СДСМ не само што…

Сподели:

На само три месеци до локалните избори, опозициската СДСМ не само што не соопштува, туку дури има мака да избере личност која би требало да се соочи со популарниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски за престижната и моќна функција градоначалник на Скопје. Неофицијално, во моментов имаат проблем да убедат било кого да се нафати да трча во нивно име, имајќи предвид нискиот рејтинг на СДСМ. Досега во јавностам, само неофицијлано се свртеа две имиња како можни кандидати. Станува збор за архитектот Мишко Ралев и поранешната министерка за животна средина Каја Шукова. Од СДСМ велат дека се уште им траат анализите и дека до крајот на месецот ќе го соопштат кандидатот.

„До крајот на месецот ќе го соопштиме кандидатот за градоначалник на Град Скопје. Во тек е постапката за избор на кандидат“, велат од СДСМ.

Додека СДСМ се двоуми, Орце Ѓоргиевски, кој најави дека ќе го спасува градот од пропаста на актуелната градоначалничка Данела Арсовска веќе излезе со план за градскиот превоз, депонијата Вардариште, кејот на Вардар и булеварите. За него, Скопје е град којшто има потенцијал и мора самиот да се одржува. Почнувајќи од редовно сервисирање на старите автобуси и сите возила и капацитети во јавните претпријатија,одржување на булеварите и улиците, изградба на велосипедски аптеки и продолжување на кејот којшто преку него може со велосипед да се стигне од едниот крај на градот до другиот. Првата работа за која Ѓоргиевски ќе се фати за работа ако стане татко на градот е деценискиот проблем со депонијата Вардариште.

Реклама

Последниве четири години, Скопје е целосно уништено под диригентската палка на Арсовска. Скопјани со нетрпение ги чекаат изборите за да конечно изберат нов градоначалник кој би ја подобрил состојбата во градот. На последните избори, актуелната градоначалничка ветуваше многу, но ништо не направи. И по четири години, Скопје не доби нови општински паркови, нема бесплатен градски превоз, а ниту Луна парк. Напротив, последниве денови елитната населба Водно е со привремен доток на вода.