Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

СДСМ бара поништување на тендерите за анкети и оценка на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ: Тендерите не се во четири очи како во минатото

Опозициската СДСМ обвинува дека власта троши пари за пропаганда и бара итно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициската СДСМ обвинува дека власта троши пари за пропаганда и бара итно поништување на тендерот за софтвер за медиумско влијание, со што ќе се прави оценка на вестите дали се позитивни, негативни или неутрални и тендерот за анкети и мерење на рејтинг.

Бараат, парите да се пренаменат за помош за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани.

За поддршката на семејствата и граѓаните во Кочани се организираат донации а владата на ДПМНЕ троши 400.000 евра за анкети и мерење на рејтингот на Мицкоски. Тоа не било доволно па гледаме објава на нов тендер за уште еден скап проект – оцена на медиумското влијание, мониторинг на медиумите, на социјалните мрежи, прес клипинг и оценка на вестите.Тоа ли се приоритетите на власта?  Нема пари за плати, нема за пожарникарите, за лекарите, за работниците, пари има само за папаја, манго и рејтингот на Мицкоски. Зошто да се трошат пари на граѓаните за прес-клипинг кога веќе има професионална служба за прес-клипинг во Владата? Граѓаните добро ги знаат режимските методи на ДПМНЕ и ова е само нивно продолжение. Како тоа Владата на ДПМНЕ планира да ги селектира медиумите како позитивни, негативни или неутрални, што ќе случи доколку известуваат негативно, ќе бидат казнети, замолчувани – праша Кузеска.

Реклама

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски ја оцени реториката на СДСМ како евтин популизам. Вели, ако се оди според логиката на социјалдемократите, имотот на Заев во Дубаи и хациендата на Венко Филипче на Водно би требало да бидат донирани за помош во Кочани, како одговор на трагедијата. Петрушевски истакна дека таквите политички изјави претставуваат ниски страсти и „некрофилија“  и повика итно да престанат.

Суштината е што тие сега се обидуваат да создадат забуна и да ја вулгаризираат ситуацијата. Овој тендер е ист како и тие што тие ги спроведуваа редовно додека беа на власт, но сега очигледно го прават за да ги задоволат своите интереси. СДСМ има неконзистентни политики кои ги ставиат интересите на малкумина во прв план, спротивно на ВМРО-ДПМНЕ која ги слуша и почитува потребите на народот. Времето на криминални тендери заврши. Според нивната логика, имотот на Заев во Дубаи и хациендата на Венко Филипче на Водно би требало да бидат донирани за помош во Кочани, како одговор на актуелната трагедија, рече Петрушевски.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека се работи за комплетно законска постапка која ги опфаќа сите законски аспекти. Нема договарања во четири очи, и нема провизии како во минатото кога тоа било омилена практика на СДСМ и ДУИ. Во однос на тендерот за прес-клипинг софтверот, Од Владата велат дека е распишан со цел да се креираат политики кои се за добробит на јавноста и граѓаните, и за воочување на грешките во работењето.