Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

СДСМ повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв. Секогаш кога СДСМ се наоѓа во тешка состојба, наместо на решавање на проблемите посегнува кон нивните, и досега испробани, планови и сценарија за предизвикување неред, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој пат не ги поштедија ниту жителите на Кочани, кои пред само неколку месеци се соочија со една од најголемите трагедии во државата. Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв. Ова сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, всушност е сценарио за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори. На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи, велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев.

Реклама

-Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче. Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче. Дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник. Но СДСМ и Венко Филипче немаат искрени намери, тие сакаа да направат хаос во Кочани, каде локалните силеџии, како нивниот општински советник, ќе го плашат народот и ќе го држат во грч и неизвесност. На граѓаните не им се потребни силеџиството, насилството и сеење страв што Филипче и СДСМ му ги нудат како опција. Граѓаните сакаат и заслужуваат политички претставници кои достојно ќе ги претставуваат и ќе работат во нивен интерес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.