Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законска основа

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава нагласувајќи дека првото нешто што го направил откога е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство и најави дека планира средби и со сите јавни обвинители, односно во подрачја на вишите јавни обвинителства, кои се четири, па потоа и со основните. 

Прашан за коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека очекува одговори за работата на Катица Јанева и СЈО, Савески во изјава за медиумите пред денешната седница на Советот на ЈО рече дека нема да коментира ничија изјава. 

Прашан што ќе направи во однос на шпекулациите дека има предмети што се чуваат во фиока, Савески нагласи дека е само неколку дена на функцијата и дека за секоја одлука јавноста ќе биде навремено известена. 

Реклама

– Дајте малку време, сепак само неколку дена сум на функцијата. Вклучително, приоритет е и учеството на седниците, да се пополнат местата што се испразнети и да се создадат услови да функционира онаму каде што има испразнети места – изјави Савески.
 
Савески нагласи дека работата на Јавното обвинителство, вклучително на секој јавен обвинител, а и државниот јавен обвинител, надлежностите и обврските што ги исполнуваат јавните обвинители произлегуваат од законските регулативи. 

Прашан дали СЈО и Катица нема да бидат приоритет, Савески рече дека нема да коментира „ако ви е во врска со изјавата на кој било обвинител“. 

Прашан за гувернерот Трајко Славески, Савески рече дека се следат состојбите во врска со тоа што како информации излегоа во јавноста и дека доколку се најде основа за отворање предистражна постапка, секако тоа ќе биде постапено. 

– Нема отстапки, тоа се законски обврски на Јавното обвинителство. Само да не бидам погрешно сфатен, тоа секако се оценува за секоја ситуација, вклучително и оваа за која ме прашувате. Не може, а да не биде предмет на анализа. Доколку се најде основа, се постапува во согласност со законот – изјави Савески нагласувајќи дека јавноста ќе биде известена со комплетно соопштение од страна на службите за односи со јавноста. 

За барањето за изземање на обвинителката Ленче Ристовска и случајот со пожарот во Кочани, Савески рече дека не е донесена одлука. 

– Имајте предвид, само неколку дена сум на функцијата. Обврските се од секаква природа, така што сè што ќе дојде по редослед за одлучување и кога ќе биде донесена одлука, секако јавноста ќе ја запознаеме преку медиумите – рече Савески.