Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година

На интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска му беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска му беше доделана плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година.

Признанието го доделуваше Европското движење во Македонија во рамки на одбележувањето на Денот на Европа. 

Кедев, кој поради неодложни обврски не можел да присуствува на доделувањето, преку видео порака изрази искрена благодарност за укажаната чест и големото признание. Потенцира дека ова признание за него не претставува само чест, туку и поттик за уште поголема посветеност кон овие вредности кои го прават животот подобар за сите.

Реклама

– Европските вредности, почитувањето на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и заштитата на човековите права претставуваат универзални вредности што ја обединуваат Европа. Сите посакуваме да ја видиме Македонија како дел од европското семејство кое не само што ги негува туку и ги живее овие вредности – нагласи кардиологот Кедев.

Тој потенцира дека во духот на европското, обединети во различностите, остануваме посветени на идејата дека токму различностите не збогатуваат, а заедништвото не прави посилни.

Со оваа плакета им се оддава признание на поединци кои со својот личен и професионален ангажман придонесуваат за промоција на европските вредности и процесите на евроинтеграција.

Добитници на оваа награда претходните години се оперската пејачка Ана Дурловски, оперскиот пејач Благој Нацоски, оперскиот пејач и национален уметник Борис Трајанов, поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, економистот и уметник Вања Ефремова, виртуозниот гитарист и композитор Влатко Стефановски, фудбалерот и спортски амбасадор Горан Пандев, генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов, ликовниот уметник Јован Балов, академикот, писателот и дипломатот Луан Старова, академикот и поранешен претседател на МАНУ Љупчо Коцарев, параолимписката шампионка во стрелаштво Оливера Наковска Бикова – параолимписка шампионка во стрелаштво, политичарката Радмила Шеќеринска, кореографката и професорка Рисима Рисимкин, актерот Сашко Коцев, пијанистот со светска кариера Симон Трпчевски и Тоше Проески – музичка легенда и хуманитарец.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: