Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Само еден од обвинетите за трагедијата во Кочани ќе одговара за корупција

Земањето мито и поткупот во државниот систем тешко се докажува, особено ако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земањето мито и поткупот во државниот систем тешко се докажува, особено ако корупцијата царувала повеќе од една деценија. Ова го покажува и обемното обвинение за трагедијата во Кочани во кое од 34 обвинети, само службеникот од Минстерството за економија бил подмитен од газдата на Пулс за лиценците на дискотеката. Иако обвинителството најавуваше индиции за корупција во ерозниот интитуционален систем, сепак митото се сведе на 200 евра за издавање на лиценца, и уште 3600 евра за фалсификатот дозвола за кабаре.

Ако корупцијата не се фати на лице место, и ако се поминати години, тешко се обезбедуваат докази, а уште потешко може да се докаже пред судот, коментира претседателот на Транспаренси Интернешнл, Благоја Пандовски.

Освен митаџијата од Министерстото за економија, сите останати се гонат за предизвикување на тешки дела против општата сигурност. Екс министрите, директорите, инспекторите ,останатите службеници, со постапувањето или непостапувањето во системот предизвикале да се случи катастрофата.

Реклама

Тројца обвинети се сопствениците и управители на фирмите сестри поврзани со Пулс. Тие од декември 2012 година до случувањето на пожарот вршеле угостителска дејност. Според обвинението објектот не ги исполнувал минимално техничките услови за вршење угостителска дејност, немал одобрение за реконструкција како и елаборати.Обвинета е и проектантката заедно со фирмата која го направила проектот. Обвинети се и обезбедувачите што пропуштале малолетници како и одговорниот што продал дупло повеќе карти.

Меѓу обвинетите се и четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување кои биле на функција од 2012 и инспекторот кој за целиот тој временски период бил раководител на инспекциската служба во дирекцијата. Дел од овие директори е и актуелниот министер без ресор Шабан Салиу.

За пиротехниката обвинителството ги гони синот на газдата, обезбедувањето и групата ДНК.

 На 16 март годинава во два часот после полноќ се случи една од најголемите трагедии во Македнија. Во пожарот загинаа 62 –ца, од кои 6 деца, а над 200 беа повредени.