Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Економија

Само 10% реализација на капиталните инвестиции до средината на април

Слаба динамика на изградба на пруги, гасовод, водоводи, клучни проекти. Само 10%…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Слаба динамика на изградба на пруги, гасовод, водоводи, клучни проекти. Само 10% од планираното изнесува реализацијата на капиталните инвестиции до средината на април годинава. Министерот за транспорт Сугарески, се правда дека поразителните бројки се должат на лошите временски услови во првите неколку месеци, како и секоја година, но не и дека имало забавено градење поради мерките на Владата. Времено во мирување е и договорот со Визер поради затворањето на аеродромите.

Далеку подобра реализација од 65 милиони евра или скоро 22% од планираното има кај изградбата на патиштата кои се под надлежност на ЈПДП.

Сугарески тврди дека ниту еден проект не е попречен во реализацијата и покрај кратењето кај дел од капиталните инвестиции. Се ќе се реализирало согласно плановите.

Реклама

„Не очекувам во ниеден случај заради средствата кој било проект да биде попречен од она што е согласно Планот за јавни набавки. Кај капиталните, она што е скратено, мал дел е скратен во делот на брана Отиња кај Штип, меѓутоа има таму средства, бидејќи очекуваме во наредниот период да биде одобрението. Одобрението за градење уште не е извадено, чим го извадат, треба да се тендерира, затоа помал дел на средства, меѓутоа планирано е браната Отиња да се почне оваа година, во наредните неколку месеци. Апсолутно нема проблем со таа работа“ – рече Сугарески.

Градежните компании пак алармираат дека кризата го стигна и овој сектор. Велат од градежништвото егзистираат уште 22 индустриски гранки. Градежниците стравуваат од финансиски крах. Не знаат што ќе биде со тековните, но и идните проекти. Изградбата на патишта, пруги, училишта, гасовод ќе ги спаси компаниите.

Министерот, пак, вели дека освен намалена динамика кај некои фирми, нема податоци за делење откази во градежниот сектор.

На прашање за претстојниот протест на превозниците пред Владата, Сугарески тврди дека акцизата на нафтените деривати била неопходност, а не желба на Владата, бидејќи цените на горивата премногу се намалиле во изминатиот период.

„Внесувањето на акцизата не е желба на некого, ниту пркос или надменост што сака Владата да ја покаже. Тоа е неопходност. Цената на нафтата во изминатиот период не се сеќавам да била на пониско ниво. Цената е 20 денари помала од декември, јануари, февруари и дел од од почетокот на март. Не може да стане збор за некаков голем потрес, зголемување. Ако ја гледаме акцизата дополнително како дел од горивото многу јасно е дека нема помала акциза никаде отколку тука. Собраните средства од оваа акциза ќе се користат за граѓаните, здравствените работници, за сите граѓани, за МВР, за сите што се вклучени во борбата со коронавирусот“ – истакна министерот.

Реакција стигна и од опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за најлоша реализација на пари од буџетот по основ капитални инвестиции. Тврдат дека реализацијата била слаба и во изминатите години, па сега никој не верува дека Владата е способна да гради во услови на криза имајќи ги в предвид слабите резултати и во нормални услови.

Пред пандемијата, Владата испланира капитални инвестиции во вкупна вредност од 385 милиони евра. Ланската година, кога немаше никаква криза Владата стигна едвај до 78%, а 2018-та заврши со катастрофална реализација од 65% од планираното.

Тања Попова