Реклама

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

Македонија

Сали во Брисел се сретна со европратеникот Матеј Тонин

Напредокот на земјава во процесот на евроинтеграциите и спроведувањето на клучните реформи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Напредокот на земјава во процесот на евроинтеграциите и спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците, биле во фокусот на средбата на првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.

Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, за време на средбата во рамките на официјалната посета на Брисел, била истакната и важноста на тоа билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.

-Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit, стои во соопштението од кабинетот. 

Реклама

Оттаму дополнуваат дека првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврдил посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.