Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сали: Сите реформски чекори ќе бидат исполнети до јуни

Посветеноста на Владата на реформската агенда е голема, и постојано се зголемува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посветеноста на Владата на реформската агенда е голема, и постојано се зголемува особено по завршувањето на локалните избори. Сите чекори од реформската агенда ќе бидат завршени до јуни, вели Беким Сали, министер за европски прашања, во вечерашното гостување на една од националните телевизии.

– И реформската агенда ја тераме со зголемена динамика. Имаме почести координации на ниво на Влада и меѓуинституционална комуникација за исполнување на задачите во врска со реформската агенда. Очекувам во јуни извештајот да биде попозитивен, вели Сали.

Според него, интензивната работа на реформската агенда, значи и измена на закони кои се веќе договорени во реформската агенда.

Реклама

-До 15 јануари спроведовме и доставивме 27 чекори од вкупно 41 во реформската агенда. Во рокот од 90 дена, тоа значи до крајот на март или евентуално 15 април да го добиеме првиот резултат од доставените чекори, да видиме дали сме во ред или, пак, ќе имаме дополнителни забелешки на кои ќе треба да се навратиме за дополнување и доисправување на измените што сме ги доставиле, истакна министерот за европски прашања.

Тој во разговорот се осврна и на информациите за различни форми и можности за членство во ЕУ.

Формите на станување на полноправна членка на Европската унија, како што рече, се менуваат поради одредени политики што ги имаат државите кои се дел од блокот.

-Ние сме согласни во било која форма да бидеме дел од Европската унија, па потоа, со тек на време, и ние ќе се адаптираме, а и тие ќе нè прифатат за да се зголеми и соработката и поддршката која што ќе биде внатре во ЕУ. Комуникација не сме прекинале, отворени сме за сите форми. Нормално, тоа што треба да го сработиме, ние го работиме интензивно, меѓутоа доколку има опција, согласни сме да бидеме дел од тие опции, истакна Сали.

Тој истакна оти е можно во 2027 година да има различен пристап за зачленување, а крајниот збор, како што додаде, го имаат земјите членки на Европската унија.