Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сали: Се работи на 10 критични точки од реформската агенда за ЕУ, од нив шест се при крај

Нашата држава работи на десет критични точки, кои се обемни, а една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата држава работи на десет критични точки, кои се обемни, а една од нив е реформите на Изборниот законик – истакна денеска министерот за европски прашања Беким Сали, кој одговараше на новинарско прашање дали е пристигнат извештајот на Европската комисија за 2025 година. 

– Една од специфичните точки е Изборниот законик, кој бара поголем, поширок консензус, не можеме тоа да го направиме преку ден, само за да го исполниме тој чекор затоа што износот што го споменуваме е осум милиони евра за секој чекор. Меѓутоа, дали финансискиот дел е главниот мотив или, пак, исполнувањето на тој чекор, со цел функционирање на системот, е наша цел. Сметам дека како политичари треба да мислиме на идните процеси. Секако, и финансискиот дел е една инфузија за нашиот финансиски систем. Меѓутоа, ние како политичари треба да преземеме одговорност за иднината на државата и тука изборите ни се многу битен фактор – изјави Сали. 

Тој додаде дека извештајот од Европската комисија не е пристигнат, но, како што рече, би требало во текот на оваа недела да го добие нашата Влада. Посочи дека македонската јавност знае дека тој извештај е позитивен и 16 до 21 точка се прифатени. 

Реклама

– Тоа е одличен знак за нас. Предупредувањето на комесарката Кос и на европатеникот Вајц се однесуваат на најави за идниот период, односно за овој период до јуни за кој имаме два месеци и сметам дека критични се 10-ина точки. Значи, тоа се критични точки, кои се во грејс-период, не се зборува за другите, кои се тековни точки, чекори, кои треба да ги реализираме. Работиме на сите сфери, значи на грејс-периодот и на редовниот период, кој треба да го исполниме. Сметам дека нивната најава, предупредување, е превентивен знак за нашата држава, треба да работиме понапорно – рече Сали. 

Министерот за европски прашање Сали рече дека шест точки од 10-те критични веќе се при крај, завршени, и се очекува до крајот на април да се реализираат, а со цел нашата Влада да има два месеци период на адаптација и за можни измени.  

– Мораме да признаеме дека се многу специфични и не случајно се останати така и очекуваме повеќето од овие чекори да ги реализираме, некои се веќе завршени, и преостанатиот дел од редовните 27 чекори, кои се таргет-точки, очекувам повеќето да бидат исполнети од нашите институции – истакна Сали. 

Евроамбасадорот Михаил Рокас потврди дека има уште 10 чекори што треба нашата земја да ги исполни до јуни, кои, како што рече „се во рамките на грејс-периодот“.

– Ова е системот по кој што функционира реформската агенда и доколку периодот помине, а тие не се исполнат, тогаш парите се губат. Владата и министерствата што се засегнати со овие 10 чекори работат напорно да ги исполнат. На тоа се однесуваше предупредувањето и такво предупредување не беше испратено само кон Северна Македонија, туку и до другите земји кандидати што ги исполнуваат нивните реформски агенди. Значи, во тек е напорна работа, не можам да давам предвидувања, ќе треба да почекаме до крајот на јуни за да го видиме исходот – изјави Рокас. 

Евроамбасадорот Рокас додаде дека исто така во тек е извештајниот период за чекорите што треба да се исполнат до јуни 2026 година.

– Јас и мојот тим тесно соработуваме со сите министерства и гледаме дека постои импулс за тоа. Но не можам да предвидам каков ќе биде исходот на крајот од јуни, односно ќе треба да почекаме дотогаш – вели Рокас.