Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, денеска оствари средба со словенечкиот амбасадорот во земјава, Грегор Прескер, на која била реафирмирана континуираната поддршка од Република Словенија за Македонија во процесот на европска интеграција.

Како што соопшти Министерството за европски прашања, амбасадорот Прескер ја истакнал подготвеноста на Амбасадата и на словенечката држава за продолжување на соработката и поддршката преку конкретни проекти.
Министерот Сали ги информирал соговорниците за динамиката на реформите и ја истакнал определбата на Владата за унапредување на евроинтегративната агенда, изразувајќи благодарност до Република Словенија за досегашната помош.
