Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Сали – Ортиз: Продлабочување на соработката и поддршка за евроинтеграцискиот процес

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз, на која биле разгледани блиските билатерални односи меѓу Македонија и Шпанија, како и можностите за нивно понатамошно унапредување во повеќе области, вклучувајќи ја европската политика, економијата, образованието и културата.

Посебен акцент, како што информираат од Министерството за европски прашања, бил ставен на евроинтеграцискиот процес на Македонија, при што била нагласена важноста од континуиран напредок во спроведувањето на реформите и исполнувањето на европските критериуми.

Во таа насока, била дискутирана и тековната реформска агенда насочена кон зајакнување на институциите, зголемување на транспарентноста и подобрување на инвестициската клима, како предуслов за приближување кон стандардите на Европската унија.

Реклама

Двете страни изразиле заедничка подготвеност за продлабочување на соработката и натамошно јакнење на стратешките односи меѓу Македонија и Кралството Шпанија.