Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Сали на седница на УO на ЕУДА: Се приближуваме до ЕУ стандардите во борбата против дрогите

Геостратешката дискусија за зајакнување на подготвеноста и одговорот на предизвиците поврзани со трговијата со дрога и новите психоактивни супстанции беше во фокусот на проширената седница на Управниот одбор на Агенцијата на Европската Унија за дроги (EUDA), која се одржа во Лисабон, на која учествуваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Геостратешката дискусија за зајакнување на подготвеноста и одговорот на предизвиците поврзани со трговијата со дрога и новите психоактивни супстанции беше во фокусот на проширената седница на Управниот одбор на Агенцијата на Европската Унија за дроги (EUDA), која се одржа во Лисабон, на која учествуваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали.

Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, во своето обраќање, тој истакнал дека земјава останува посветена на усогласување на националните политики и законодавството со европските стандарди во областа на безбедноста, јавното здравје и борбата против организираниот криминал.

–  Сали нагласи дека соработката со EUDA претставува значаен чекор во зајакнувањето на институционалните капацитети, особено во воспоставувањето на Систем за рано предупредување за нови психоактивни супстанции и унапредувањето на механизмите за следење и справување со предизвиците поврзани со дрогите – стои во соопштението.

Реклама

Како што дополнуваат, министерот потенцирaл дека европската интеграција подразбира силни институции, ефикасна меѓуинституционална координација и доследна примена на европските стандарди во интерес на безбедноста и здравјето на граѓаните.

– На состанокот беше нагласена и важноста на меѓународните партнерства во справувањето со заедничките безбедносни предизвици и зајакнувањето на европската отпорност – информира Министерството за европски прашања.