Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Македонија

Сали-Кавахара: Јапонската поддршка клучна за реформите и развојот на Северна Македонија

Министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали, оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали, оствари средба со амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара на која беше ставен акцент на тековната развојна соработка меѓу Македонија и Јапонија, како и на континуираната поддршка на Јапонија за реформските приоритети и социо-економскиот развој на државата, информираат од неговиот кабинет.

Министерот Сали ја истакнал посветеноста на Владата на испорака на конкретни резултати во рамки на Реформската агенда, со посебен фокус на јакнење на институционалните капацитети и подобрување на квалитетот на јавните услуги.

-Соговорниците разговараа за спроведувањето на тековните проекти за техничка соработка, вклучително и иницијативите во областа на намалување на ризици од катастрофи, урбаниот транспорт, поддршката на малите и средни претпријатија и развојот на туризмот. Беа разменети мислења и за новите проекти поврзани со ублажување на климатските промени во земјоделството и јакнењето на капацитетите за итен медицински одговор и подготвеност за кризни ситуации, се вели во соопштението од Министерството за европски прашања.

Реклама

Министерот Сали изразил благодарност за долгогодишната поддршка на Јапонија преку официјалната развојна помош, вклучително и грантовите за мали проекти, кои имаат директни придобивки за локалните заедници во областите на образованието, здравството, заштитата на животната средина и јавните услуги.

Тој нагласил дека Министерството за европски прашања ќе продолжи со тесна соработка со Амбасадата на Јапонија и ЈИЦА, со цел ефикасна координација на развојната помош и усогласување со реформските приоритети и целите на процесот на европска интеграција.