Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Сали – Исранг: Партнерството со Германија и конкретните реформи го забрзуваат европскиот пат

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали остварил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали остварил средба со Кристоф Исранг, директор за Европа во Сојузното министерство за надворешни работи на Германија.

Како што информираат од Министерството за европски прашања, во фокусот на разговорите биле билатералните односи, процесот на пристапување во Европската Унија и спроведувањето на Реформската агенда.

Министерот Сали ја оценил Германија како стратешки партнер и доследен поддржувач на европската интеграција на Македонија. Тој го истакнал значењето на развојната соработка и поддршката од ГИЗ за институциите, вклучително и за спроведувањето на Реформската агенда и регионалната размена на искуства.

Реклама

На средбата е разговарано за потребата од фер, предвидлив процес на проширување заснован на заслуги. Министерот ја нагласи подготвеноста за конструктивен дијалог за отворените прашања и важноста од финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација.

Посебно внимание било посветено на Планот за раст за Западен Балкан и придобивките од постепената интеграција. Министерот ги посочил конкретните придобивки од учеството во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како и можностите од иницијативите за дигитална поврзаност и намалување на трошоците за роаминг.

Како што посочуваат од Министерството, соговорниците разговарале и за перспективите на политиката на проширување, подготовката на Европската Унија за нови членки и значењето на предвидлива повеќегодишна финансиска рамка што ги поддржува реформите, инвестициите и економското приближување.

Министерот Сали ја потврдил посветеноста на Владата на мерливи реформски резултати и продлабочување на партнерството со Германија, со цел европската интеграција да донесе конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите.