Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Сали: Европската интеграција мора да се претвори во конкретни дигитални услуги за граѓаните

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на дискусија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на дискусија посветена на дигиталната трансформација и поддршката на општините во процесот на европска интеграција каде нагласи дека европската интеграција мора да биде видлива за граѓаните преку конкретни, функционални и достапни услуги на локално ниво.

-Наш приоритет е да ги претвориме европските политики – од acquis, Реформската агенда и ИПА програмите – во практични дигитални решенија за општините, како што се е-дозволи, дигитално урбанистичко планирање, локални даночни системи и услуги за животна средина – истакна Сали.

Тој додаде дека Министерството работи на воспоставување на стандардизирана дигитална архитектура, која ќе овозможи интероперабилни системи, заеднички платформи и усогласеност со европските стандарди, со што ќе се избегне фрагментација и ќе се намалат трошоците.

Реклама

Во однос на поддршката за општините, министерот потенцираше дека фокусот е ставен на конкретни механизми, вклучително и техничка помош преку ИПА, поедноставување на процедурите и развој на советодавни и координациски платформи.

-Целта е јасна – да го затвориме јазот помеѓу идеите и имплементацијата, и да обезбедиме проектите да се претворат во реални услуги за граѓаните и бизнисите – нагласи Сали.