Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Сајкоски: Писмото на судиите до Мицкоски е повеќе насочено кон самите нив и нивната паника за она што треба да го спроведат

Образложувајќи го овој свој став во гостувањето на една од националните телевизии,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образложувајќи го овој свој став во гостувањето на една од националните телевизии, Сајкоски рече дека ваквата реакција укажува оти судиите се во сериозна паника поради она што треба да го спроведат.

„Во однос на писмото и како тие реагираат, мислам дека писмото е повеќе насочено кон самите нив, а не кон ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи со ваква реакција и со вакво писмо тие укажуваат дека кај нив се случува сериозна паника за она што треба да го спроведат“, изјави тој.

Претходно, одговарајќи на прашање дали во партијата се размислува дали и како треба да се одговори на реакцијата на судиите, а тоа да не се сфати како мешање во незвисната судска власт, генсекот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека проблемот не е во недостатокот на регулатива, туку во недостатокот на волја кај судиите и обвинителите за постапување.

Реклама

„Ако имаме волја за постапување, тогаш можеме и да се подобриме. Не е секогаш причина регулативата, затоа што ако постапуваме и ако решаваме предмети, ако секојдневно се одлучува по предмети, тогаш ќе течат и работите. Кај нас проблемот е застојот во работата на судскообвинителските власти. Тоа е основниот проблем“, рече Сајкоски.

Надоврзувајќи се во делот од одговорот за писмената реакција на Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судиите, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека она на што тие укажуваат како партија е дека без силна судска власт, не може да има силна влада.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ, како Влада, како политички чинители укажуваме на сите недостатоци и сакаме да се подобриме. Без силна судска власт не може да има силна влада. Затоа укажуваме да се подобрат работите и на таков начин да можеме да имаме заеднички резултати“, кажа Сајкоски.