Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Сајкоски од Кичево: На 2 ноември масовно да гласаме за Александар Јовановски и за развој на општината

Масовно излезете и гласајте за Александар Јовановски, за развој и напредок на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Масовно излезете и гласајте за Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на вечерашниот мини-митинг во општина Кичево, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември.

-Почитувани, ни останаа уште неколку денови до она за коешто работевме долг период. Ни останаа уште три – четири дена до 2 ноември, денот кога треба да излеземе масовно како што излеговме на овој плоштад, да кажеме не за не работата, не за неморалот, не за кандидатот којшто не посрамоти. И да кажеме да за оној којшто сака, којшто може и којшто треба да сработи за нашата општина, да кажеме да за Александар Јовановски за иден градоначалник на Кичево, рече Сајкоски.

Тој ги повика и оние граѓани кои живеат во дијаспората да го дадат својот глас за бројот 9, за, како што рече, да има подобри услови, кои ќе донесат подобар живот за кичевчани.

Реклама

-Сакам кратко да порачам и за оние коишто сакаат и се спремаат да доаѓаат од странство. Почитувани, многу ве почитуваме и секогаш нашата врата е отворена за вас, но нашите деца 365 дена дишат нечист воздух, нашите деца 365 одат по калливи улици, нашите деца и ние со нашите автомобили се движиме низ фекалии во населбите од нашиот град. Затоа и вие придружете се кога ќе дојдете тука во Кичево, гласајте за број 9, гласајте за Александар Јовановски, гласајте за победничката опција во Македонија, истакна Сајкоски.