Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Македонија

Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет: 18 компании во потрага по млади инженери

На Машинскиот факултет во Скопје денеска и утре се одржува традиционалниот Саем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Машинскиот факултет во Скопје денеска и утре се одржува традиционалниот Саем за пракса и вработување „Тech-mech 2026“, кој собра 18 водечки компании во земјава и голем број студенти од целиот инженерски кампус.

Главната цел на настанот е поврзување на студентите со бизнис-секторот, овозможувајќи им полесен пристап до практична настава, изработка на семинарски и дипломски работи, како и директно вработување во домашни компании.

Раководителот на Кариерниот центар при Машинскиот факултет, Радмил Поленаковиќ, истакна дека саемот ги поврзува студентите од целиот Инженерски кампус со компаниите кои имаат потреба од инженерски кадар.

Реклама

-Целта на овој саем е да ги поврземе сите студенти од инженерскиот кампус со присутните компании. Интересот за вработување на инженери е исклучително голем, а со ваквите настани сакаме да им овозможиме на студентите својата пракса и идно вработување да ги реализираат во домашни услови, а не да ни заминуваат во странство – порача професорот Поленаковиќ.

Студентите ја поздравија организацијата на саемот, истакнувајќи ја важноста на практичното искуство уште за време на студиите. Студентката Ана Шопова оцени дека ваквите настани им помагаат на младите полесно да го пронајдат својот професионален пат.

Навистина ни е потребно компаниите да дојдат тука, да ни се претстават и да ни помогнат да го пронајдеме нашиот кариерен пат. Мислам дека секој студент од инженерските науки треба прво да започне со пракса за да го пронајде она што му одговара, а потоа да бара соодветно вработување – рече таа.

Шопова смета дека секој студент од инженерство треба да почне прввин со пракса, а потоа да бара вработување.

-Зависи, некои компании прво сакаат студентите да ги примат на пракса, а потоа доколку студентите се истакнат, тогаш да ги вработат. Но, мислам дека секој студент од инженерство треба да почне прво со пракса, а потоа да бара вработување, затоа што не секогаш ние од факултетските клупи знаеме што сакаме да работиме и каде се пронаоѓаме – рече студентката Шопова.

Претставниците на компаниите исто така ја потврдија важноста на ваквиот тип соработка меѓу универзитетот и бизнис-секторот. Христо Казанџиски, претставник од компанијата „Микросам“ од Прилеп, посочи дека вратите за младите инженери се секогаш отворени.

-Има голем интерес кај студентите, пред сѐ за пракса, а потоа и за вработување. Нашата компанија ги поддржува ваквите настани и соработката со факултетот, бидејќи преку нив им нудиме можност на студентите да напредуваат и да ја градат својата иднина тука. Овие саеми мора да продолжат со уште поголем интензитет – рече тој.

Казанџиски нагласи дека овие саеми треба да продолжат со уште поголем интензитет, бидејќи, какмо што посочи, сепак ова е иднината за студентите, која поблиску му ја претставува преку компаниите кои се присутни на саеми.