Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Свет

САД започнаа нови напади врз јужен Иран, во самоодбрана

САД соопштија дека започнале нови напади врз јужен Иран, таргетирајќи ирански ракетни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

САД соопштија дека започнале нови напади врз јужен Иран, таргетирајќи ирански ракетни позиции и бродови кои се обидуваат да постават мини, објави Би-би-си. Нападите, како што велат, биле преземени во „самоодбрана“ и биле наменети „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“, се вели во соопштението на Централната команда на САД.

Портпаролот на Централната команда, капетан Тим Хокинс, изјави дека американската војска „продолжува да ги брани сопствените сили додека користи воздржаност за време на тековниот прекин на огнот“ меѓу двете земји. Капетанот Хокинс рече дека американските напади биле насочени кон област во близина на Бандар Абас, јужен пристанишен град и дом на иранска поморска база што се наоѓа на Ормускиот Теснец, според „Њујорк тајмс“.

Иранските државни медиуми претходно објавија дека локалните власти во Бандар Абас истражуваат откако се слушнале експлозии.

Реклама

Телевизијата на Исламската Република Иран ги осуди нападите, посочувајќи ја контрадикторноста во тоа што САД ги нарекуваат своите напади „самоодбрана“, додека, според телевизијата, во нив биле убиени десетици илјади Иранци. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаи, претходно изјави дека иако е постигнат одреден напредок во разговорите за завршување на војната, договорот „не е неизбежен“.