Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Свет

САД предлага нови царини за ЕУ и уште 59 земји

Американската администрација предводена од претседателот Доналд Трамп најави нов пакет трговски мерки со кој би бил воведен дополнителен царински товар за увоз од 60 земји и економии. Се предлага да се воведат царини од 10 отсто или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери, по истрага за увоз на стоки за кои се тврди […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американската администрација предводена од претседателот Доналд Трамп најави нов пакет трговски мерки со кој би бил воведен дополнителен царински товар за увоз од 60 земји и економии.

Се предлага да се воведат царини од 10 отсто или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери, по истрага за увоз на стоки за кои се тврди дека биле произведени со принудна работа, објави „Асошиејтед прес“.

Во извештајот што го објави Канцеларијатот на трговскиот претставник на САД се наведува дека Канада, Мексико, Тајван, Обединетото Кралство и уште некои земји и територии би се соочиле со дополнителни царини од 10 отсто, бидејќи наводно не спроведувале забрана за увоз на производи направени со принудна работа.

Реклама

Дополнителна царина од 12,5 проценти би била воведена за Кина, Јапонија, Индија, Јужна Кореја, Бразил и за Швајцарија, како и за десетици други земји.

Новите американски царини нема да важат веднаш, туку ќе поминат низ јавна расправа и ревизија, со сослушувања најавени за 7 јули.