Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

САД и ЕУ упатија порака: справете се со корупцијата

Брзи реформи, независно судство и прекин на политичките влијанија – ова беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзи реформи, независно судство и прекин на политичките влијанија – ова беше јасната порака испратена од меѓународните партнери до македонската власт во врска со Реформската агенда на патот кон ЕУ.

Борбата против корупцијата е клучен елемент на евроинтегративниот процес, истакна евроамбасадорот Рокас. Заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс, додаде дека транспарентноста и отчетноста во владеењето на правото се основни за успешно спроведување на реформите.

Денеска, тие учествуваа на Конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата во Владата.

Реклама

„Мора да се спречат политичките мешања во работењето на судовите и правосудните органи, бидејќи тие не смеат да служат за политички цели. Недавните интерпелации немаат законски основи за разрешување на членовите на Судскиот совет. Неговата независност е клучна за функционирањето на судството“, изјави Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Нарушената доверба во судството, според заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс, е резултат на неефикасноста во правосудниот систем. Таа додаде дека ако корупцијата продолжи да се толерира, тоа ќе го забави економскиот развој, социјалната доверба и конкурентноста на земјата на глобалната сцена.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал, изрази загриженост поради недоволно спроведените антикорупциски заложби, кои се преточени на хартија.

„Ако се донесуваат владини одлуки зад затворени врати и ако судските пресуди се неочекувани, тогаш корупцијата има простор за раст. Зајакнувањето на правосудните органи бара сериозни реформи, активности и, пред сѐ, политичка волја“, истакна Никол Варнс.

„На 27 февруари, Државната комисија за спречување на корупцијата ги презентираше прелиминарните резултати од спроведувањето на Националната стратегија за борба против корупцијата. Осумнаесет проценти исполнување на планираните активности во 2024 година претставува загриженост за нас“, додаде Килијан Вал.

Со Меѓуресорското тело претседаваше вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи. Тој нагласи дека ова владино тело не е само форум за дискусии, туку ќе биде клучен механизам за притисок при спроведувањето на законите.