Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Сабриу: Правда за жените значи систем што се прилагодува на преживеаните од родово базирано насилство

Државниот секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади Фатмир Сабриу,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади Фатмир Сабриу, ја претставува Македонија на 70-тата сесија на Комисијата за статусот на жените во Њујорк, што се одржува во рамките на Обединетите нации. Настанот обединува претставници на држави од целиот свет кои ги споделуваат своите искуства, политики и практики за унапредување на статусот на жените во општеството, информираат од Министерството.

Во текот на оваа недела, Сабриу учествува на повеќе настани, на кои има можност да ги презентира политиките и посветеноста на Македонија за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на улогата на жените во општеството.

Во своето излагањето на панел-дискусијата насловена „Зајакнување на пристапот на жените до правда: пристап насочен кон преживеаните од родово базирано насилство (РБН)”, Сабриу говорел за институционалните и правните рамки во Македонија насочени кон обезбедување правда за преживеаните од родово базирано насилство.

Реклама

– Тој се осврна на мултисекторскиот систем за заштита на жртвите од родово базирано и семејно насилство, во кој активно учествуваат надлежните институции, судските органи и граѓанските организации. Посебен акцент беше ставен на партнерствата со граѓанскиот сектор, стратегиите за обезбедување одржливост на услугите, нивното поврзување со социјалните и економските услуги, како и на координираната соработка меѓу судовите и социјалните служби со цел долгорочна заштита и реинтеграција на преживеаните, велат од Министерството.

Сабриу порачал и дека промовирањето инклузивна и правична правда бара повеќе од формални гаранции. Потребно е, вели,  законите, институциите и постапките ефикасно да одговорат на реалните искуства на жените и девојките во сета нивна различност.

Тој посочил дека усогласувањето со меѓународните стандарди, вклучително и обврските што произлегуваат од Истанбулската конвенција, поставува јасна основа за делување, но оти вистинската ефикасност се мери преку имплементацијата.

-Ефикасноста се мери преку имплементацијата – преку координација, професионалност и доверба во институциите, истакнал Сабриу.

Тој нагласил дека мултисекторскиот пристап претставува единствен одржлив модел за заштита на преживеаните.

– Кога полицијата, центрите за социјална работа, судовите, обвинителството, здравствените институции и граѓанските организации постапуваат координирано, системот станува предвидлив и безбеден за преживеаната. Интегрираните услуги, лиценцирањето на давателите на услуги, стандардизираната проценка на ризик и управувањето со случаи се конкретни чекори кон систем кој функционира, нагласил Сабриу.

Според него, пристапот насочен кон преживеаните подразбира дека безбедноста, економската независност и социјалната реинтеграција се подеднакво важни, како и судската заштита.

-Затоа нашата заедничка обврска е јасна: институции што постапуваат со должно внимание, одржливо финансирање на услугите, инвестиции во економската автономија на преживеаните и општество во кое пријавувањето не значи ризик, туку заштита, истакнал Сабриу.

Тој додал дека пристапот насочен кон преживеаните не е само методологија, туку и вредносна определба, како и оти тоа значи дека системот не бара од жената да се приспособи кон институциите – туку институциите се приспособуваат кон нејзините потреби.