Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Руте во Собранието: Безбедноста на Западен Балкан е клучна за НАТО, сметам на Македонија да води со пример

Без разлика од каде сте, од кој дел на трансатланската алијанса доаѓате,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без разлика од каде сте, од кој дел на трансатланската алијанса доаѓате, стоиме заедно со вас и заедно ќе бидеме заштитници на мирот и на безбедноста на нашите нации. Северна Македонија има придобивки од ова секојдневно. На пример, авионите од Грција и од Италија патролираат на вашето небо за да бидете безбедни. Ова праќа јасен сигнал дека никој не е сам во НАТО, вашите пријатели и сојузници се секогаш со вас, секогаш кога се соочуваме со насилен свет – истакна генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во обраќањето пред пратениците, премиерот Христијан Мицкоски, првите луѓе на институциите, верските заедници и дипломатскиот кор во земјата. 

– Русија продолжува да му се заканува на нашиот безбеден свет и притиска со својата воена агресија врз Украина. Русија стана екипа со Кина, со Сверена Кореја и со Иран. И заедно ги шират своите способности да нè притискаат уште повеќе. Глобалниот натпревар се интензивира, а сојузниците се соочуваат со постојани закани од тероризам. Иран беше извозник на хаос. Опасноста што ја претставува Иран е далекосежна. Сојузниците мора да се свесни дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје и мора да обрнеме особено внимание на ова – рече Руте.

Генералниот секретар во говорот во Собранието се осврна и на финансирањето на НАТО посочувајќи дека тоа е клучно за безбедноста на сите членки. 

Реклама

– Поддржувам што Македонија и сите сојузници алоцираат повеќе средства за одбраната. И токму затоа е важно да стоиме на нивото на нашата посветеност и клучно е ова да биде споделено и на самитот на НАТО во Анкара во јули – рече Руте додавајќи дека членките треба да останат на ставот од Хаг за зголемување на средствата за одбраната, производството на оружје и продолжување на поддршката за Украина. Особено ја нагласи потребата за одвојување до 5 проценти од БДП до 2035 година за одбраната.

Според него, само заедно „може да останеме на страната на демократијата и безбедноста“. 

– Како пратеници сметам на вашата поддршка и на артикулирање на важноста од инвестициите во одбраната – рече генералниот секретар на НАТО.

Руте зборуваше за поддршката што НАТО ѝ ја дава на Украина во војната со Русија нагласувајќи ги и напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, но исто така и дека е јасно оти украинската безбедност е наша безбедност. 

– Да не заборавиме дека безбедноста на Западен Балкан е клучна и суштинска за НАТО. Безбедноста во овој регион е споделена одговорност и ќе сметам на Македонија да води со пример – рече Руте.

Генералниот секретар, како што рече, денеска лично посведочил на придонесот што Македонија го дава на за безбедноста во напредните копнени сили на НАТО во Бугарија и во Латвија, каде што нашите војници помагаат да се одврати агресијата и ја бранат територијата на сојузниците.

– Во соседно Косово вашите сили се дел од мировните мисии под водство на НАТО – КФОР. Денес станавте извозник на безбедност. КФОР придонесе значително за регионалната безбедност, долгорочна стабилност во Западен Балкан. Неволите од минатото мора да ги држиме строго во минатото затоа што реториката која е без мисла може да биде многу опасна. Ние не смееме да се дозволи да се загрози мирот. Ќе продолжиме да работиме заедно како сојузници и овде особено ја ценам перспективата што вие и другите сојузници ѝ ја овозможувате на алијансата, токму како и со нашите партнери од ЕУ – рече Руте.

На почетокот на говорот на генералниот секретар на НАТО во Собранието, пратеници од Левицата со транспарент изразија несогласување со политиката на НАТО. Руте не го прекина обраќањето, а однесувањето на пратениците рече дека е демократско.