Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Балкан

Румен Радев победи на изборите во Бугарија

Партијата на Румен Радев, Прогресивна Бугарија е победник на предвремените парламентарни избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на Румен Радев, Прогресивна Бугарија е победник на предвремените парламентарни избори што се одржаа денеска во Бугарија.

Според првите резултати од излезната анкета во 19:00 часот спроведена од страна на социолошката агенција „Мерка“, презентирани на Бугарското национално радио, Радев води со речиси 24 отсто пред второпласираната ГЕРБ-СДС.

– „Прогресивна Бугарија“  освоила 38,7 отсто од гласовите, ГЕРБ-СДС  – 14,8 отсто, трета е „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“  со 13,1 проценти, ДПС – Нов почеток  9,2 отсто, Преродба („Вазраждане“ ) – 5,3 отсто и шеста е „БСП – Обединета левица“  со  4 проценти, е распределбата на гласовите за политичките сили според агенцијата „Мерка“.

Реклама

И според податоците на „Маркет линкс“, во следниот парламент ќе влезат шест партии. Притоа, победник е фаворитот на изборите, „Прогресивна Бугарија“ за која гласале 38,9 проценти од избирачите, втора е ГЕРБ-СДС со 15,4 отсто, трета е ПП-ДБ со 13,6 отсто. Следат „ДПС – Нов почеток“ со 7,5 проценти, „Преродба“ со 5,1 отсто и шеста е „БСП – Обединета левица“ со 4,1 проценти.

До 19 часот, според оваа социолошка агенција, излезноста на гласачите била 47,2 проценти.

Во однос на распоредот на мандатите според мерењата на Маркет линкс, по партии односно коалиции, при вакви резултати од гласањето би бил:

Прогресивна Бугарија – 110 мандати,

ГЕРБ-СДС – 44,

ПП-ДБ – 39,

„ДПС – Нов почеток“ – 21

„Преродба“ – 14 и

12 мандати за „БСП – Обединета левица“ .

Мерењата на социолошката агенција Алфа Рисрч, исто така потврдуваат дека во следниот парламент ќе влезат шест  партии. „Прогресивна Бугарија“ е победник со освоени 37,5 проценти од гласовите, следат ГЕРБ-СДС со 16,2 проценти, ПП-ДБ со 14,3 отсто, „ДПС – Нов почеток“ со 8,4 отсто, „Вазраждане“ со 4,9 проценти и „БСП – Обединета левица“ со 4,1 отсто.

Лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев изјави дека очекувале да бидат први.

„Да ги видиме конечните резултати“, рече Радев, откако првите резултати од излезните анкети ја посочија „Прогресивна Бугарија“ како победник на денешните парламентарни избори.

–  Многу партии поднесоа барање Врховниот судски совет да се смени. Се надевам дека со ПП-ДБ ќе гледаме во иста насока кога зборуваме за замена на ВСС, додаде Радев.

Во врска со прашањето за малцинска влада или нови избори, тој рече дека сака да ги почека конечните резултати и гласањето од странство.

– Ќе направиме сè што е можно за да избегнеме нови избори, истакна Радев.

Во текот на изборниот ден Централната изборна комисија одржа три прес-конференции, од кои последната во 17:30 часот на која соопшти дека излезноста до 16 часот била 34,63 проценти. Од ЦИК истакнаа дека нема да имаат други прес – конференции во текот на вечерта.

Конечните резултати, согласно законските процедури, ЦИК  треба да ги соопшти четири дена по гласањето, на 23 април.

Бугарите денеска гласаа за избор на 52. состав на Народното собрание. Според Централната изборна комисија, право на глас имаат 6.575.151 граѓани.

Во изборната трка учествуваа 24 политички партии и коалиции.  Вкупно 4.786 кандидати се натпреваруваа за 240 пратенички места. Од нив, 1.440 се жени, додека 3.343 се мажи. 

Низ целата земја од утрово во 7 часот беа отворени околу 12.000 гласачки места, со цел да им се овозможи на граѓаните лесен пристап до гласањето. На 9.354 избирачки места гласањето се спроведуваше со помош на машини и хартиени гласачки ливчиња, а на 3.367 избирачки места се гласаше само со хартиени гласачки ливчиња..

Гласаа и Бугарите надвор од земјата, на 493 избирачки места во 55 држави. 

Ова се седми предвремени парламентарни избори во Бугарија во последните пет години, што ја одразува нестабилноста и променливата политичка сцена во земјата. Граѓаните денеска повторно имаа можност да го дадат својот глас и да влијаат врз идниот состав на парламентот и насоката во која ќе се движи државата во наредниот период.