Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Рубин Земон поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ по средбата со Виктор Стојанов

Високиот функционер на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од партиската функција по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високиот функционер на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од партиската функција по реакциите во јавноста за неговата средба со бугарскиот активист Виктор Стојанов, кому му е забранет влез во Македонија.

Земон, кој неодамна беше претставен како засилување во Извршниот одбор на СДСМ, во изминатиот период се најде во центарот на повеќе контроверзии. Претходно предизвика реакции со ставови поврзани со Гоце Делчев, а сега и со средбата во Софија со Стојанов, кој во јавноста често изнесува ставови со кои го негира македонскиот идентитет.

Во објава на Фејсбук, Земон соопшти дека поднесува оставка со цел, како што наведе, да не му наштети на угледот на партијата.

Реклама

„Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципиелните напади кон мене, а со тоа, не бирајќи средства, да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам товар на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член на ИО на СДСМ“, објави Земон.

Оставката следува по неговата средба во Софија, која предизвика бројни политички реакции и критики во јавноста.