Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Рубин Земон како и Филипче одработуваат и се главни промотори на бугарските позиции во Македонија

СДСМ и Венко Филипче се откриени во намерите и политиките на сервилност.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче се откриени во намерите и политиките на сервилност. Случајот со оставката на Земон е доказ дека дури и Филипче сфати дека претера, па Земон мораше да даде оставка за да не го уништел угледот на партијата.

Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, партијата му се распаѓа и луѓе му бегаат.

Дали Венко Филипче се оградува од ставовите на  членот на ИО Рубин Земон, кој тврдеше дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет.

Реклама

Земон  даде скандалозни изјави за Гоце Делчев, за кои потоа мораше да се извинува, а  беше објавена негова фотографија од средба со истакнати антимакедонски активисти во Софија, за која тој вели дека била случајна.

Филипче е опкружен со луѓе, на кои не им сметаат предавничките политики и навредите кон Македонија. Филипче не гледа проблем во тоа великанот Гоце Делчев да е Бугарин, исто како што немаа проблем со тоа и Стево Пендаровски, Рубин Земон и луѓето во околината на Филипче.

Со мекотелните политики, Филипче им дава простор на бугарските власти да не уценуваат и да велат дека има мала група на политичари во Македонија која ќе им ги исполни нивните барања. Како што тргнал Филипче на крај ќе остане сам со кланот Заеви.