Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Прилози

Рубин Земон ги разобличи СДСМ и Филипче: Едно кафе ја потврди соработката на социјалдемократите со Бугарија

Рубин Земон ги разобличи Венко Филипче и СДСМ. Неговата кафе средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рубин Земон ги разобличи Венко Филипче и СДСМ. Неговата кафе средба со Виктор Стојанов, покрај тоа што му ја заврши кратката партиска кариера, ја потврди и соработката на социјалдемократите со Бугарија. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека сите карти излегле на површина, и тоа преку Земон, за кој велат дека е човек на Заев, еден од најблиските луѓе на Филипче и врската на СДСМ со Софија.

-Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско. Дури и видни членови на СДС му укажале на Филипче дека со оваа работа отидено е предалеку, па затоа му било кажано на Рубин Земон да замине од СДС, но да продолжи со тоа што му е работа, а тоа е соработката со Бугарија и ширење на бугарска пропаганда. Филипче е фатен во небрано, откриени му се намерите и доколку вака продолжи СДС ќе стане ДООЕЛ, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Реклама

Средбата на Земон со човекот кој има забрана за влез во Македонија, доаѓа во период кога од СДСМ секојдневно слушаме дека морало да има Бугари во Устав. Од партиската говорница портпаролката Богданка Кузеска, повторно реши да се фали колку патриотски и храбри одлуки, донеле Владите предводени од СДСМ на меѓународен план. 

-Во периодот на владите на СДСМ беа донесени храбри и државнички одлуки, благодарение на кои денес македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите Нации и во Европската Унија. Со договорот со Фронтекс, македонскиот јазик е официјално признаен од Европската Унија, потпишан чисто на македонски јазик, без фусноти, без додавки, од сите земји членки на Унијата, изјави Кузеска.

Претходно Филипче кажа дека токму Бугарите во Устав, се единствената тема за која би седнал на маса со премиерот Христијан Мицкоски

-Уставните измени не се никаков ризик и треба да се направат час поскоро. Тоа е единствената работа за која јас би седнал на маса да разговараме, затоа што е тоа единствениот пат напред, изјави Филипче.

Претходно Земон имаше и навредлива изјава за Гоце Делчев, дека ништо не напишал во животот, дека ниедна битка не извојувал никаде, а кај нас бил направен мит за него. По ова, тој се извини и кажа дека бил погрешно разбран, но потоа седна на маса со Стојанов.

Матеја Петровски