Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите

Има забрзување на процесот на реформите споредено со Извештајот од минатата година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има забрзување на процесот на реформите споредено со Извештајот од минатата година и искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе  може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево, одговарајќи на новинароско прашање за тоа каков е извештајот за Македонија за напредокот во реформите. 

Според Рокас, во тек е подготовката на Извештајот кој треба да се финализира во септември, а до крајот на јуни  е рокот за чекорите и мерките што треба да ги спроведат Владата и министерствата.

-Годишниот извештај на Европската Комисија е во тек на подготвување и треба да се финализира до септември или во почетокот на септември, така што мислам дека тоа што може да се нотира таму е дека многу макотрпна работа е направена досега. Јас сум убеден дека ова ќе биде извештај кој ќе покаже напредок, кога ќе се спореди со минатиот Извештај на Европската Комисија. Но, она што е поважно е реформската агенда. Европската Унија има блиска соработка заедно со Владата и со министерствата со цел да може да се направи напредок во неколку сфери. Што се однесува на некои чекори или мерки кои требаше досега да бидат спроведени од Владата и од министерствата, нивниот рок истекува кон крајот на јуни. Меѓутоа, генерално, кога ќе се спореди со Извештајот од минатата година, може да нотираме дека има забрзување на процесот на реформите, така што јас искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има и резултати, изјави амабасадор на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас при денешната посета на Крушево.