Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Родителите на деца со посебни потреби на протест пред Влада

„Моето детенце има церебрална парализа, не може само да фукционира, потребна му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Моето детенце има церебрална парализа, не може само да фукционира, потребна му е 24 часовна нега“. Вака, со горчина што се чувствува во неговиот гласт, Зоран од Штип, родител на шестипол годишно дете со посебни потреби започнува да раскажува за своето секојдневие. Вели, зборови не се доловува болката, па политичарите од власта треба барем на еден ден да се обидат да чуваат детенце како неговото со 5.000 денари помош, оти само така ќе ја почувствуваат голготата на сопствена кожа.

-Да дојдат за 5.000 денари нашето дете да го чуваат, да видат колку е тешко.

Но, тој не е единствениот гневен родител кој бара помош од властите. Дел од родителите пред камерата на Алфа говорат оти не можат на своите деца да им купат ниту ортопедски помагала, бидејќи, државата им ја укинала финансиската помош.

Реклама

-Помагала имаше и ги добивавме, но сега ни е укината. Јас имам 500 денари за патики, но мојата ќерка е во количка, потребни и се помагала, вели Ристо Димитриевски.

Десетици како овие родители, со транспаренти в раце преку протест го искажаа својот револт поради, како што велат, недоволната грижа за нив и за нивните деца од страна на државата. Бараат законски измени, со кои би се овозможила државна финансиска помош на лицата со посебни потреби и откако ќе наполнат 26 години.

-Бараме законски измени, да се покачи посебниот додаток, да се тргне границата до 26 години од министерствата за социјала и за здравство, преименување на дел од додатоците. Ние не можеме децата надвор да ги изнесеме, нема пристапни рампи, изјави Маргарита Милошевска.

Родителите што бараат власта да има слух за нив, велат дека протестите нема да престанат. Следниот пат на улица ќе излезат со своите деца, а ќе протестираат се додека не се подобрат условите за живот за нив, и за нивните најблиски.

Сања Трајковска Ставров