Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност за трагичниот настан

Во Кочани денес повторно протестираа семејствата, блиските, пријателите, роднините на 62 загинати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кочани денес повторно протестираа семејствата, блиските, пријателите, роднините на 62 загинати и 200 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Денешниот беше четврти протест под мотото „Задоцнета реакција“ и се одвиваше по улиците на градот, пред општинската зграда, пред СВР Кочани и заврши пред Основниот суд. 

Со фотографии од починатите деца, тие ја прозваа совеста кај надлежните и го вперија прстот во МВР. Во пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа 62 лица. Околу 200 беа повредени, четириесетина луѓе се уште се лекуваат во странство.

„Се прашуваме, ако вие не сте надлежни за нашата безбедност, тогаш кој е? Имате ли доблест да ја признаете вината за таа кобна ноќ, или тоа не ве учеле кога си ги купувавте дипломите? Секоја сабота нашиот марш е уредно пријавен во полиција, болница, пожарна. Дали концертот на ‘ДНК’, монструмот го пријавил таа кобна ноќ кај надлежните? Дали таа вечер вие, полицијата требаше да бидете таму? Ништо тие деца не прогрешиле што отишле на концертот, но не знаеле како функционираат работите во т.н. дискотека – шталата на смртта. Отпосле дознаваме дека таа била дувло за многу нелегални работи. Дали се правевте слепи и заради нечии профити дозволивте цената да ја платат нашите невини, кутри деца, со нивниот прерано одземен живот? Зошто не ја контролиравте работа на монструмот и имало трипати повеќе присутни од капацитетот. Бараме од вас, МВР, одговорност за прерано згаснатите животи на нашите деца. Ставете се 5 минути во нашата кожа. Можеби други ве аменстирале, ама ние не“, кажа мајката на починатиот моторист Павел Христов од Кочани.