Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ристовски од Струга: Иднината на македонскиот спорт се гради од најрана возраст

Илинден нека продолжи да нè обединува преку спортот, заедништвото и позитивниот натпреварувачки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинден нека продолжи да нè обединува преку спортот, заедништвото и позитивниот натпреварувачки дух, порача министерот за спорт Борко Ристовски кој денеска присуствуваше на Спортскиот фестивал „Илинден“ во Струга, каде што ги додели медалите на учесниците кои беа дел од годинашното издание на фестивалот.

Ристовски истакна дека Спортскиот фестивал „Илинден“ претставува пример како преку спортот се поврзуваат луѓето, се промовираат вистинските вредности и се создаваат нови генерации спортисти.

– Особено ме радува тоа што фестивалот годинава го одбележува својот мал јубилеј – пет години успешно ја негува спортската традиција и од локална иницијатива прерасна во препознатлив настан што обединува натпреварувачи, волонтери, семејства и љубители на спортот од целата држава. Иднината на македонскиот спорт се гради уште од најрана возраст, преку другарство, тимска работа, почит и фер-плеј – истакна Ристовски.

Реклама

Од Министерството за спорт оценуваат дека посебно внимание на привлекло воведувањето на детските трки во пливање и веслање.

– Министерството за спорт ќе продолжи да ги поддржува ваквите спортски манифестации кои придонесуваат за развојот на спортот, промоцијата на здравите животни навики и зајакнувањето на спортскиот дух и заедништвото меѓу граѓаните, велат од ресорното Министерство.