Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Ристоска го пријави премиерот пред Советот на јавни обвинители поради наводните напади против неа

Пред две години, обвинителката Ленче Ристоска тврдеше дека Советот на јавни обвинители…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред две години, обвинителката Ленче Ристоска тврдеше дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание и дека треба да се реформира.

Но сега таа поднесе известување против премиерот Христијан Мицкоски, откако тој ја нарече „медиокритет“ и дел од „клиентелистичко-политичка матрица“. Според Ристоска, ваквите изјави претставуваат притисок и ја загрозуваат нејзината самостојност во работењето.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, потврди дека известувањето е примено и дека ќе се формира комисија од тројца членови која ќе ги истражи околностите и ќе побара изјаснување од Мицкоски, писмено или усно. Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, донесен во ноември минатата година.

Реклама

Ристоска нагласи дека побарала јавно извинување и повлекување на навредите. „Претседателот на Владата е и законски застапник на политичката партија која е опфатена во кривични постапки во кои јас постапувам, што овие изјави ги прави несоодветен притисок врз мојата работа“, рече таа.

Премиерот Мицкоски, пак, во интервју за порталот Вечер.мк ја критикуваше Ристоска за нејзините коментари за измените на Кривичниот законик, тврдејќи дека тие ја намалуваат одговорноста за дел од сторителите. Советот на јавни обвинители сега треба да утврди дали јавниот говор на премиерот претставува нарушување на професионалната самостојност на обвинителката.