Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Прилози

Ристевски: Нискиот рејтинг на СДСМ и ДУИ ги тера да обвинуваат за селективност во истрагата за Кочани

Истрагата за најголемата трагедија што и се случи на Македонија се уште…

Сподели:

Истрагата за најголемата трагедија што и се случи на Македонија се уште не е завршена, а опфати 59 луѓе. Полицајци, инспектори и директори од повеќе сектори. Од игла до локомотива, 11 обвинители заедно со МВР влегоа сегде. И покрај ова, опозицијата жестоко обвинува за селективна истрага на истражните органи. Дел од политичките аналитичари, сметаат дека нискиот рејтинг на СДСМ и ДУИ е причината зошто опозицијата ја користи собраниската говорница за како што велат неосновани обвинувања. Политичкиот аналитира Александар Ристевски вели дека опозицијата треба да му се извини на народот за сите нивн дела во изминативе години.

Дел од јавноста, а најмногу членови и функционери на СДСМ и ДУИ негодуваат зошто судот во Кочани и Скопје ефективните притвори ги замени со куќни и им ги зема пасошите на осомничените. Ристевски потенцира дека истрагата не е завршена, а од она што досега го видовме тој е уверен дека таа набргу ќе заврши и секој што се огрешил ќе биде изведен пред лицето на правдата. Конкретно за мерките на Обвинителството и одлуките на судовите, Ристевки е убеден дека институциите ревносно си ја вршат работата. Тој потсетува дека државниот обвинител е избран во време на СДСМ и ДУИ.

На пратенички прашања, опозицијата обвини за наводна селективна правда и праша зошто ниту еден функционер не поднел оставка од морални причини.

Реклама

Им реплицираше лично премиерот. Дециден е дека никој не е над законот и дека дел од истрагата се луѓе кои се и од актуелната владејачка гарнитура, нешто што било незамисливо во времето на СДСМ и ДУИ. Христијан Мицкоски побара од опозицијата да си ги прашаат сопартијците колку луѓе беа опфатени во истрагите за модуларната болница, Ласкарци и за Беса Транс.