Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Ристески: Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но тоа не треба да биде оправдување – мора да се казнува секој што го прекршува законот

Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но тоа не треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но тоа не треба да биде оправдување. Секоја институција во рамки на своите надлежности треба да постапува максимално и да ги казнува оние што не го почитуваат законот, особено кога станува збор за безбедноста и здравјето на работниците, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, одговорајќи на новинарско прашање зошто се дозволува фирми да профитираат на сметка на здравјето на работниците – работници да работат на скелиња кога температурите се над 40 степени или да се случуваат свлечишта како во центарот на Скопје.

Според Ристески, Инспекторатот за труд совесно ја работи работата, колку што има можности и капацитети.

-Тоа е проблем што се провлекува со години, со децении наназад. Трудовиот инспекторат совесно ја работи работата, онолку колку што има можности и капацитети. Една од препораките на Европската Унија е зголемување на капацитетите на инспекторатите – и Трудовиот и Пазарниот инспекторат, кои се под наша надлежност. Се надевам дека ефикасноста во иднина ќе биде уште поголема и ќе има поредовни контроли и поредовни казни.Треба малку повеќе да работи и совеста, а онаму каде што нема да работи совеста, ќе бидат употребени сите казнени мерки предвидени со законот и ќе бидат максимално,најригорозно казнети тие што нема да го применуваат законот онака како што треба, барем во однос на заштитата и безбедноста на здравјето на работниците, истакна Ристески.

Реклама

Досега, дополни, се изречени казни. 

-Треба секоја институција во рамки на своите надлежности да постапува максимално, капацитети нема доволно, но тоа не треба да биде оправдување. Треба  максимално да се работи и да се казнуваат оние што прават прекршоци во делот на безбедноста и здравјето на луѓето. Инспекторатот казнува, но немам информација колку казни се досега конкретно изречени, нагласи заменик-министерот Ристески.