Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Ристески: Редовни парламентарни избори во 2028, ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на реформите, евроинтеграциите и инфраструктурните проекти

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, на гостување на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, на гостување на една од телевизиите истакна дека годинава нема да има предвремени парламентарни избори, односно дека ВМРО-ДПМНЕ се стреми за редовни избори во 2028 година и дека приоритет остануваат реформите, евроинтеграциите и реализацијата на проекти ветени пред граѓаните, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа година нема да има дефинитивно предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа година ни е реформска година каде што ние и пред граѓаните и пред европската јавност треба да испорачаме она што сме ветиле пред граѓаните и она што сме се обврзале кон нашите европски партнери во делот на евроинтеграциите односно реформската агенда. Изборите редовни се во 2028 година, оваа година предвремени парламентарни избори нема да има, но ВМРО-ДПМНЕ е спремно секогаш да излезе на избори, бидејќи она што сме го ветиле ние сме го оствариле“, рече Ристески.

Пратеникот Ристески посочи дека во изминатиот период е реализиран значаен дел од предизборната програма, наведувајќи ги како примери двојното зголемување на пензиите, потпишаните колективни договори во здравство и образование, притоа нагласувајќи го и инфраструктурниот бум низ целата држава.

Реклама

„Голем дел од проектите кои ги ветувавме од предизборните ветувања кои ги имавме пред граѓаните веќе ги завршивме тоа се зголемување на пензиите на два пати, еднаш 5000 денари и потоа за уште 2000 денари, значи вкупно 7000 денари, потпишани колективни договори со синдикатите во здравство, во образование, тоа значи зголемување на платите до 2028 година до 60%, инфраструктурен бум со проекти на територијата на цела држава, што значи дека она што сме го ветиле ние во голем дел сме го реализирале во изминативе скоро две години, така да сме посветени апсолутно на исполнување на реформската агенда, на евроинтеграциите и  на завршување на проектите кои сме ги ветиле пред граѓаните. Тоа е приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Ристески.