Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ристески од Парламентарното собрание во Софија на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа: Неопходно е трајно решавање на прашањето за статусот на професионалните возачи и превозници во Шенген зоната 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Парламентарното собрание во Софија на Процесот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Парламентарното собрание во Софија на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа порача дека неопходно е трајно решавање на прашањето за статусот на професионалните возачи и превозници во Шенген зоната, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Денес во Софија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка на земјите во Југоисточна Европа (SEECP) имав обраќање на тема:

-Итно и трајно решавање на прашањето за статусот на професионалните возачи и превозници во Шенген зоната.

Реклама

Истакнав дека е неопходно наоѓање на одржливо решение за проблемот со ограничувањата на престојот на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт.

Особено ја нагласив потребата да се овозможи на возачите на камиони и транспортерите од Македонија и земјите од регионот да ги извршуваат своите професионални обврски без негативни последици што произлегуваат од примената на правилата за престој во Шенген зоната, со целосно почитување на безбедносните и миграциски прописи на Европската унија.

После ова беше прифатен компромисен амандман како дел од Завршната декларација со кој се бара властите на земјите учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа заедно да пронајдат прифатливо решение за сите транспортни и логистички прашања во Шенгенскиот регион и во регионот на Југоисточна Европа.

Посебно значење на овој успех дава фактот дека амандманот го поддржаа сите пет земји членки на ЕУ кои учествуваат во SEECP(Словенија,Хрватска,Романија, Бугарија и Грција).